За Poliext

Првата "Scala Company" е основана во 1919 година, а нејзината главна дејност била производство на пластични производи. Poliext Csövek Kft. е потомок на компанијата и е основана 1991 година во едно предградие на Kecskemét, наречен Matkópuszta. Ние сме производители и трговци на ЈП цевки, фитинзи и елементи за системите за наводнување. Сопственикот на компанијата е г-дин Золтан Скала, кој е искусен професионалец во областа на управување со компанијата и за производство на пластични производи.

Во текот на изминативе години компанијата континуирано се развиваше. Во 1991 година производството беше започнато на 1300 м2 површина со три машини и 8 вработени. Сега имаме површина од 4.5 хектари, 4 фабрики и повеќе од 60 вработени. Бројот на нашите редовни клиенти, се зголеми од 20 на повеќе од 500. Poliext Csövek Kft. почна со производство на 20 различни видови на сопствени производи а денеска нудиме повеќе од илјада.

Наша примарна цел е обезбедување квалитет и услуга со висок станард. Кај нас работат луге со над 20 години искуство во оваа област, добро квалификувани дизајнери и сектор за продажба. Ние нудиме целосна гама на ЈП цевки за градежништвото, цевки за телекомуникациски системи и цевки за примена во земјоделство. Со помош на нашите POLIDRIP машини ние сме во состојба да произведува цевки за било каков вид на плантажи.

Во изминатите години се прошири опсегот на нашите услуги со дизајнирање на земјоделски системи за наводнување, која услуга е бесплатна за нашите регистрирани партнери. Располагаме со ISO 9001 од 2001 година. Нашите планови за во иднина се проширување на пазарот и зголемување на палетата на производи.